
Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓
Во петокот Ал Хилал го декласираше Ал Ријад со 6:1, а Нејмар исто така ги одигра првите минути на теренот по пристигнувањето во Саудиска Арабија.
Сепак, сцените кои се случија на крајот од натпреварот го обиколија светот бидејќи никој не може да поверува што навивачите на Ал Хилал и направија на легендата на клубот и сето тоа поради Нејмар.
Ал Хилал немаше милост во пресметката против Ал Ријад и ги испрати гостите дома со шест гола во мрежата.
Сепак, главна тема по мечот беше Нејмар, кој ги одигра првите минути во дресот на Ал Хилал, каде што пристигна пред неколку недели од ПСЖ.
Нејмар доби неверојатна сума пари за да дојде во Ал Хилал и навивачите со нетрпение го очекуваа неговото деби. Бразилецот на овој меч одигра околу половина час, а успеа да забележи и една асистенција.
Но сцената која се случи во 87. минута го обиколи светот. Тогаш при резултат 4:0 Ал Хилал доби пенал, а сите веруваа дека Нејмар ќе биде тој што ќе шутира и ќе го постигне својот деби гол во дресот на новиот клуб.
Сепак, топката на крајот ја одзеде Ал Даусари кој постигна гол за 5:0. Играчот остана шокиран кога слушаше како цел стадион го исвиркува. Навивачите на Ал Хилал ја исвиркаа клупската легенда затоа што не му дозволи на Нејмар да го изведе пеналот, а колку тоа влијаеше на него се гледаше неговиот лик.
BREAKING: NEYMAR DEBUT – AL-HILAL PLAYER BOOED FOR NOT LETTING HIM TAKE THE PENALTY pic.twitter.com/gg6RPMTnnE
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) September 15, 2023