Дома Фудбал УЕФА ќе го „казни“ судијата поради грешката на мечот Реал-Баерн

УЕФА ќе го „казни“ судијата поради грешката на мечот Реал-Баерн

Полскиот судија Шимон Марчињак ќе биде санкциониран од УЕФА за пропустот кој го направи во полуфиналниот реванш помеѓу Реал Мадрид и Баерн.

Иако ситуацијата беше неизвесна дали е офсајд или не, помошникот судија го крена знаменцето, а главниот судија Симон Марчињак свирна и ја прекина акцијата од која Баерн даде гол.

УЕФА планира на полскиот судија да не му ги додели клучните натпревари на Европското првенство, пишуваат полските медиуми.

Марчињак е еден од судиите со највисок рејтинг во Европа, но после оваа грешка ќе биде „казнет“ со несудење  на клучни натпревари на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Глазгов против одбрана со повратник: Портеус на местото на Велш

Повредата на Стивен Велш ја принуди Шкотска да повика замена за ноемвриските натпревари. Р…