Дома Фудбал УЕФА ја соопшти казната за Звезда за навредите кон Ибрахимовиќ

УЕФА ја соопшти казната за Звезда за навредите кон Ибрахимовиќ

Црвена Звезда првиот европски натпревар следната сезона ќе го игра пред празни трибини откако УЕФА ја казни за расистички испади за натпреварот против Милан.

Белграѓаните исто така се казнети со 25.000 евра поради истиот инцидент, а и 5.000 евра поради кршење на безбедносните протоколи за време на пандемијата со Ковид-19. Според казната ќе треба да стават и знаме преку целата трибина со логото на УЕФА на кое ќе пишува „Не на расизмот“.

Причина за казните се нападите на сметка на Ибрахимовиќ кој не играше и беше навредуван на национална основа заедно со различни пцовки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мојс бара голови во МЛС: Евертон го следи напаѓачот со 18 погодоци

Келвин Јебоа од Минесота јунајтед е меѓу опциите на Евертон за јануари. Неговата цена би м…