Правилата на УЕФА се јасни, но за сите љубители на фудбалот беше големо прашање дали Италија следната сезона ќе има осум или девет претставници во Европа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Џорџо Маркети зборуваше по тој повод и истакна дека доколку Фиорентина заврши под седмото место на табелата во Серија А (што е сигурно и го победи Олимпијакос во финалето на Конференциската лига, следната сезона ќе игра во Лига Европа.
Тоа значи и дека во Европа ќе играат дури девет екипи од Италија.
На деветтото место во Серија А во зависност од развојот на настаните во последното коло може да се најдат Наполи или Фиорентина.
Доколку Фиорентина и Аталанта слават во финалето на европските купови, во тој случај шест италијански екипи ќе играат во Лигата на шампионите, седмата, осмата и Фиорентина ќе играат во Лига Европа, а деветтата во Конференциската лига.