Дома Фудбал УЕФА потврди: Ангеловски на ЕП ќе повика 26 фудбалери

УЕФА потврди: Ангеловски на ЕП ќе повика 26 фудбалери

Европската куќа на фудбалот донесе одлука да им дозволи на репрезентациите да повикаат 26 фудбалери за ЕП, а воедно го одобри и правилото за 5 замени.

Наместо 23 фудбалери секој селектор ќе може на списокот да пријави 26, а УЕФА се одлучи на ваков потег поради проблемите со пандемијата и поголемиот број на измени.

Ова може да биде и добра вест за македонските фудбалери, бидејќи селекторот Игор Ангеловски нема потреба да го крати списокот и ќе може да повика 26 фудбалери.

Притоа, се очекува повеќе фудбалери да добијат минутажа на Европското првенство, бидејќи ќе има 5 измени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Љубичиќ не запира: Трет меч по ред со гол, вторпат погоди во ЛШ

Роберт Љубичиќ ја продолжи голгетерската серија во ЛАСК, а на последните седум натпревари …