Дома Фудбал Останато УЕФА одлучи: Ќе гледаме елитен фудбал среде лето!

УЕФА одлучи: Ќе гледаме елитен фудбал среде лето!

Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе продолжат во јули и август, тоа е најноватао длука на УЕФА.

Европската куќа на фудбалот ги одложи европските натпреварувања за да им даде предност на националните првенства. Освен ова претходно беше објавено и дека баражите во Лигата на Нации за пласман на ЕП ќе се играат во септември или октомври. Претходниот термин во кој требаше да играат Македонија и Косово беше 4. јуни.

УЕФА се уште не објавила детали дали во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе има промени на системот или пак ќе се играат по стандардниот систем. Претходно се шпекулираше дека место два натпревари (дома-гости) може да се игра еден на наутрален терен, како и дали Инстанбул ќе остане домаќин на финалето во ЛШ. Гдањск треба да го организира последниот натпревар во ЛЕ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг,…