Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

 Манчестер Сити и шпанската Џирона можеби нема да играат во Лигата на шампионите, за која веќе се пласираа преку нивните првенства, тврдат англиските  медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џирона се пласираше во Лигата на шампионите, но има еден проблем поради кој е неизвесен нивниот настап во натпреварувањето.

УЕФА не дозволува ист сопственик да има два или повеќе клубови во исто натпреварување, а „Сити Фудбал Груп“ е газда и на Манчестер Сити и на Џирона.

Тие моментно поседуваат 47% од Џирона и доколку не го намалат својот удел на максимум 30%, тимот на Мичел нема да има право да игра во Лигата на шампионите, но автоматски ќе оди во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА ги изненади фановите со изборот на судии за полуфиналето на Светското првенство

ФИФА ги именуваше судиите за полуфиналните натпревари на Светското првенство. Големата пре…