Дома Фудбал УЕФА донесе конечна одлука за основачите на Суперлигата

УЕФА донесе конечна одлука за основачите на Суперлигата

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) се сминува на „бегалците“ кои ја оформија Суперлигата и нема да биде казнет ниту еден клуб, пренесува „АС“.

Тоа значи дека отпаѓа варијантата за исфрлање на Реал Мадрид од Лигата на шампиони, кој оваа сезона ќе игра во полуфиналето.

Во неделата 12 европски гиганти официјално го потврдија новиот проект на Суперлига. Меѓутоа, после само 48 часа англиските гиганти се повлекоа од Суперлигата, а после нив истото го направија и други клубови.

Реал Мадрид, Јувентус, Барселона и Милан се уште официјално не излегле од проктот и сметаат дека тој е добар и може да се примени во иднина.

Директорите на УЕФА денес требаше да донесат одлука за евентуална казна, па дури се заканија и со исфрлање од Лигата на шампиони.

„АС“ пренесува дека УЕФА нема да изрече казна на ниту еден клуб,но очекува сите клубови да се откажат од Суперлигата и да се извинат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два гола од клупата: Сила го скрши Башкими и стигна до „десетка“

Н’фанли Сила со два погодока и асистенција ја предводеше победата на Тиквеш од 3-1 над Баш…