Дома Фудбал Останато УЕФА го казни Динамо Загреб

УЕФА го казни Динамо Загреб

Динамо Загреб беше елиминиран од АЕК во драматична завршница во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, сепак овој двомеч остана во сенка на нередите кои се случуваа надвор од теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полицијата се уште истражува кој е виновен за смртта на 29-годишниот навивач Михалис, додека УЕФА во меѓувреме донесе одлука да ги санкционира „модрите“. Имено, хрватскиот гигант сите гостински натпревари до крајот на сезоната ќе ги игра без своите навивачи.

Динамо сега продолжува во плеј-офот од Лигата на Европа каде што ќе игра против Спарта Прага.

„УЕФА процени дека сите натпревари во кои ќе учествуваат навивачи на Динамо се со висок ризик. Тоа се потврди со тежината на инцидентот на навивачите на Динамо во Атина, иако имаше одлука да не им се продава билети“, објави УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн потпиша со германски репрезентативец, ќе плати 55 милиони евра!

Баерн Минхен попладнево потврди уште едно засилување/p> Како ПАМЕТНО да типувате на World …