Дома Фудбал УЕФА воведува нова награда

УЕФА воведува нова награда

Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека воведува нова награда – за најдобар играч на натпреварот.

Оваа награда ќе почне да се доделува од утре, во првите осминафинални натпревари од Лигата на шампиони.

Наградата ќе ја доделува стручна комисија, која после секој меч ќе ги оценува играчите според различни критериуми.

Тоа се тактичката зрелост, креативноста, инспирацијата, посебните вештини и секако фер-плејот.

Стручната комисија ја сочинуваат славни фудбалски имиња како Аитор Каранка, Герет Саутгејт, Роберто Мартинез, Роби Кин…

Осминафиналните натпревари во ЛШ започнуваат утре со натпреварите помеѓу Атлетико и Ливерпул, како и Борусија Дортмунд – ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Половина од головите на Вила се негови: Џексон му праќа порака на Челси

Николас Џексон постигна пет гола во осум премиерлигашки настапи за Астон Вила, откако лето…