Дома Фудбал Италија Удинезе ја доби казната за расизмот кон Мањан

Удинезе ја доби казната за расизмот кон Мањан

Тимот на Удинезе ќе го одигра наредниот натпревар без публика поради навредите на расна основа кон голманот на Милан, Мајк Мањан.

Управата на Серија А донесе таква одлука по големиот бес на јавноста поради инцидентот во Удинезе каде што Милан славеше победа со 3:2. Навивачите на Удинезе на овој натпревар на расна основа го навредуваа чуварот на мрежата на Милан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Удинезе во истрагата соработуваше со надлежните и брзо реагираше да се пронајдат одговорните навивачите, па затоа добија и поблага казна. Без публика ќе играат само против Монца на 3-ти февруари и нема да платат парична казна.

Мањан заедно со соиграчите при навредите го напушти теренот и натпреварот беше прекинат на пет минути. Удинезе на еден навивач доживотно му забрани присуство на стадионот и најави дека истото ќе го практикува со сите останати кои би се однесувале на таков начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се обиде да го доведе младиот ас на Реал, но шпанскиот гигант не сака да се раздели со него!

Актуелниот шампион на италијанската Серија А, Наполи, се потруди да го искористи летниот т…