Дома Фудбал Италија Удар за Јувентус: Квадрадо мора на операција

Удар за Јувентус: Квадрадо мора на операција

Крилниот фудбалер на Јувентус, Хуан Квадрадо ќе мора да оди на операција, а тоа ќе значи дека во следните три месеци ќе биде надвор од терените.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


29-годишниот колумбиски репрезентативец нема настап од крајот на декември бидејќи има спортска хернија. Конзервативното лечење не даде резултат, па поради тоа ќе мора да му биде извршена операција.

Квадрадо ќе се оперира кон крајот на оваа седмица, а се очекува на терените да се врати дури во завршницата на сезоната, односно во мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо двапати во дуел еден-на-еден со голманот, видете како заврши тоа

Португалија беше домаќин на Нигерија во Леирија и ги совлада со резултат 2:1 во последниот…