Дома Фудбал Убав гест: Навивачи на ПСВ дојдоа во Севиља да му извинат на Димитровиќ поради хулиганот кој влезе да го тепа

Убав гест: Навивачи на ПСВ дојдоа во Севиља да му извинат на Димитровиќ поради хулиганот кој влезе да го тепа

Mинатата недела плеј-оф натпреварот во Лигата на Европа беше обележан инцидентот кога еден навивач на ПСВ влезе на теренот да се пресмета со голманот на Севиља, Марко Димитровиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Српскиот голман успеа успешно да се одбрани од напаѓачот, сепак сега доби извинување од клубот од Ајндховен. Претставници на навивачите на ПСВ дојдоа на стадионот во Севиља и оставија цвеќе со порака за извинување до голманот.

„Драг господине Димитровиќ, извинување во сите останати фанови на ПСВ. Се надеваме дека сте добро по инцидентот. Ви посакуваме се најдобро и среќа во Лига Европа“, стои во пораката од навивачите.

ПСВ на тој натпревар славеше со 2:0, но Севиља помина во следната фаза поради победата во првиот натпревар од 3:0.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо двапати во дуел еден-на-еден со голманот, видете како заврши тоа

Португалија беше домаќин на Нигерија во Леирија и ги совлада со резултат 2:1 во последниот…