Челзи покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хосе Хименес пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Томас Тухел сака на лето да ја засили одбраната на „сините“ и верува дека 25-годишниот Уругваец ќе биде идеално засилување.
Тухел сака да донесе искусен и квалитетен дефанзивец, кој ќе биде лидер во одбраната бидејќи Тиаго Силва е на залез на кариера.
Интересно е што самиот Хименес неодамна изјави дека сака еден ден да заигра во дресот на Челзи, па тоа може да го олесни трансферот.
Уругваецот има договор со „јорганџиите“ до 2023 година, па Атлетико сигурно нема лесно да се откаже од него.
Челзи ќе треба да го „одврзе паричникот“ и да испрати богата понуда за да го добие неговиот потпис.