Фудбалерите на ПСЖ утре играат во гости против Рен во рамките на второто коло од француската Лига 1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ПСЖ во првото коло го совлада Ним со 3:0, а Парижаните три бода ќе бараат утре против Рен. Тренерот на овој тим, Томас Тухел повторно нема да може да смета на Нејмар.
Бразилецот во припремите не одигра ниту еден натпревар и шпекулацијата дека ќе го напушти ПСЖ и ќе се врати во Барселона денеска повторно е актуелна.
Имено, Тухел потврди дека Нејмар нема да патува со екипата и нема да биде во конкуренција за натпреварот против Рен.
„Не е моја работа да зборувам за неговата иднина, туку да ја тренирам екипата. Дојде со ситна повреда и пред неколку дена доби незгоден удар на тренингот. Утре нема да игра против Рен.“ – изјави Тухел.