Дома Фудбал Тухел: Нема да го гледам Леверкузен, туку Арсенал

Тухел: Нема да го гледам Леверкузен, туку Арсенал

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, изјави дека нема да го гледа натпреварот на Баер Леверкузен против Вердер в недела, на кој „фармацевтите“ можат да ја освојат титулата во Бундеслигата.

„Нема да го гледам натпреварот со Леверкузен во недела. Ќе го гледам Арсенал, изјави Тухел.

Баерн му гостува на Арсенал во среда во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Леверкузен ќе ја освои првата лигашка титула доколку го победи Бремен во недела.

Но, тоа може да се случи ден претходно доколку Баерн и Штутгарт ги загубат натпреварите против Келн, односно Ајнтрахт Франкфурт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ го посакува Бецвиновски, пред младиот напаѓач е светски тест со Австралија

Лук Бецвиновски е во плановите на Македонија, но следниот репрезентативен предизвик го чек…