Дома Фудбал Англија Тухел: Жиру заслужува да биде стартер во секој меч, но…

Тухел: Жиру заслужува да биде стартер во секој меч, но…

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека Оливио Жиру заслужува да биде стартер на секој натпревар.

Жиру ја донесе победата над Атлетико Мадрид во ЛШ, но Тухел не открива дека Французинот ќе игра против Манчестер Јунајтед.

„Жиру заслужува да биде стартер на секој меч. Тој тренира многу добро и е лидер. Игра одлично без разлика дали е стартер или е на клупата. Нема да кажам дали ќе биде стартер против Манчестер Јунајтед“, изјави Тухел.

„Знаеме дека мечот со Манчестер Јунајтед е голем предизвик, бидејќи немаат пораз како гостин во првенството. Имаат огромни индивидуални квалитети, но се одлични и како тим“, додаде менаџерот на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп за Суперлигата: Ниту јас, ниту играчите до вчера не знаевме ништо

Од вчера во фудбалскиот свет актуелна е новата Суперлига која ја формираа 12 големи европс…