Дома Фудбал Тухел: Дозволено е да сонуваме, но шансите се мали

Тухел: Дозволено е да сонуваме, но шансите се мали

Тренерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека неговиот тим ќе се обиде да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампиони, иако знае дека ќе биде исклучително тешко.

Челзи во првиот четвртфинален натпревар загуби од Реал Мадрид со 1:3 на „Стенфорд Бриџ“.

„Шансите се мали ако се има предвид резултатот од првиот меч, но и на противникот на кој му гостуваме. Еден од најголемите предизвици е да гостуваш на Бернабеу, а уште потешко ако бркаш резултат. Треба да играме над нашиот лимит на можности, но дозволено е да сонуваме. Убавината на оваа игра е што се е возможно“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут го потопи Јунајтед: „Олд Трафорд“ се празнеше, опасната зона е на бод!

Манчестер јунајтед загуби со 0:3 пред своите навивачи и по осум кола има само седум бода. …