Дома Топ вести Три англиски гиганти се „тепаат“ за Ковачиќ

Три англиски гиганти се „тепаат“ за Ковачиќ

Англиските медиуми пренесуваат дека Матео Ковачиќ на лето може да го напушти Челзи, но да остане во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според најавите „сините“ се спремни да го пуштат 28 годишниот Ковачиќ на кого договорот му истекува следното лето доколку пристигне понуда од 35 милиони евра.

Челзи го купи Енцо Фернандез во јануари, па јасно е дека минутажата на Ковачиќ додатно ќе се намали, па и тој е спремен да ја промени средината.

Интересот за Хрватот е голем, а битка за неговиот потпис ќе водат Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул.

Трите англиски гиганти сакаат да ја искористат ситуацијата и веќе стапиле во контакт со неговиот агент и веќе работат на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…