Дома Останати Кошарка НБА Трипл-дабл на Вестбрук за историја, Леброн, Кари и Џорџ на +40, Дончиќ под својот просек (ВИДЕО)

Трипл-дабл на Вестбрук за историја, Леброн, Кари и Џорџ на +40, Дончиќ под својот просек (ВИДЕО)

0

Претходната вечер во НБА лигата ја обележија Стеф Кари, Леброн Џејмс и Пол Џорџ со постигнати повеќе од 40 поени, но и Вестбрук кој со трипл-дабл влезе во историјата.

Натпреварот на вечерта беше помеѓе Оклахома и Бруклин (114:112) на оваа средба Расел Вестбрук го запиша своето име во историјата. Бекот на Оклахома постигна 21 поен и запиша 15 скокови и 17 асистенции со што стигна до својот 108-ми трипл дабл во кариерата и изби на третата позиција пред Џејсон Кид кој има 107. Пред него се само Меџик Џонсон (138) и Оскар Робертсон со 181 трипл-дабл.

Сепак мечот го обележа Пол Џорџ кој постигна 47 поени и запиша 15 скокови.


Следете го Sportski.mk и на


Возбудливо беше и во Кливленд каде што Голден Стејт го демолираше Кливленд со 129:105 со 42 поени на Стеф Кари и 24 на Кевин Дурант, додека Клеј Томпсон додаде 16 поени.

Драма беше видена во Лос Анџелес каде што Лејкерси во финишот обезбедија победа против Сан Антонио со 121:113 со 42 поени на Леброн Џејмс. Во победничкиот тим на Лејкерси

Леброн го следеше, Кузма со 22 поени, пет асистенции и девет скокови. Кај Сан Антонио најрасположени беа Дерозан со 32 поени (три асистенции, седум скокови) и Геј со 31 (две асистенции, седум скокови).

Далас беше поразен од Њу Орлеанс со 132:106, а младиот Лука Дончиќ одигра под својот просек оваа година со само осум поени четири скока и шест асистенции за 22 минути.

Денвер стигна до седмата победа во низа, овој пат славеа на гостувањето кај Орландо во Флорида со 124:118, но после продолженија. Српскиот центар Никола Јокиќ одигра добар натпревар со 12 поени, 13 асистенции и осум скокови, но екипата ја предводеа Џамал Мареј со 31 поен и Пол Милисап со 18.

НБА резултати

Кливленд – Голден Стејт 105:129

Орландо – Денвер 118:129 (после продолженија

Атланта – Вашингтон 117:131

Бруклин – Оклахома 112:114

Торонто – Филаделфија 113:102

Мемфис – ЛА Клиперси 96:86

Милвоки – Детроит 115:92

Минесота – Шарлот 121:104

Њу Орлеанс – Далас 132:106

ЛА Лејкерси – Сан Антонио 121:113

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Видовме се: Продолженија, исклучување, супер гол на крајот шампион е – Ривер! (ВИДЕО)

Денес после неколку одложувања конечно се одигра долгоочекуваниот реванш во „Суперкласико“…