Дома Останати Кошарка НБА Трипл-дабл и тројка во последната секунда на Јокиќ за победа на Денвер 🎥

Трипл-дабл и тројка во последната секунда на Јокиќ за победа на Денвер 🎥


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Изминатата ноќ во НБА лигата Денвер со 119:116 славеше победа против Орландо, а Николо Јокиќ повторно беше херојот за својот тим.

Јокиќ не беше најдобриот најефикасниот на овој натпревар, но одново дојде до трипл-дабл. Србинот го заврши мечот со 17 поени, 14 асистенции и десет скокови. Исто така блесна и во последната секунда кога ја постигна тројката за победа.

Гордон со 25 поени беше најефикасниот поентер кај Денвер, додека Фулц за Орландо постигна 20.

Без Лука Дончиќ во составот Далас изгуби уште еднаш од Портланд. Дончиќ поради повреда не настапи, а Лилард го водеше својот тим со 40 поени. Динвиди во редовите на Далас постигна 28 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Њујорк 104:117

ЛА Клиперс – Хјустон 121:100

Чикаго – Голден стејт 132:118

Бруклин – Оклахома 102:112

Сан Антонио – Сакраменто 119:132

Денвер – Орландо 119:116

Портланд – Далас 140:123

ЛА Лејкерс – Филаделфија 112:113

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Клоп по новиот шок за Ливерпул: Лут сум и разочаран, немам објаснување…

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Ливерпул одигра уште…