Дома Останати Кошарка НБА Трипл-дабл за Крис Пол во победата на Хјустон, Торонто и без најдобриот ги уништија Клиперси (ВИДЕО)

Трипл-дабл за Крис Пол во победата на Хјустон, Торонто и без најдобриот ги уништија Клиперси (ВИДЕО)

harden

Само три натпревари беа одиграни изминатата вечер на паркетите во НБА лигата, а најинтересно беше во Хјустон, каде што „Ракетите“ го пречекаа Портланд.

Домаќините на крајот славеа со 111:103 и така ја прекинаа низата од три порази. Крис Пол одигра шутерски натпревар за заборав, од игра погодуваше само 2-12, но погоди 7 слободни фрлања и придонесе во други делови од играта, па на крајот натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок. Имаше 11 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Џејмс Харден додаде 29 поени.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кај Портланд Демиен Лилард уфрли 34 поени, Мек Колум имаше 23, додека Јусуф Нуркиќ оствари дабл-дабл со 15 поени и 10 скокови.

Торонто против Лос Анџелес Клиперси играа без нивниот најдобар играч Каваи Леонард кој има проблеми со повреда, но и покрај ги декласираа Клиперси со 123:99. Кајл Ловри ја прекина низата слаби натпревари со 21 поени и 7 асистенции.

Бобан Марјановиќ беше најдобар кај домаќините со 18 поени и 7 скокови со само 16 минути на паркетот.

Во преостаниот натпревар Сан Антонио без поголеми проблеми славеше против Феникс со 111:86. Санси продолжија да бидат најлошата екипаво лигата и сега имаат учинок од само 4 победи и дури 24 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…