Дома Македонски спорт Мак фудбал Триминутен прекин на дербито во Тетово поради домаќинските навивачи (Фото)

Триминутен прекин на дербито во Тетово поради домаќинските навивачи (Фото)

0

Во Тетово во рамки од првото коло во Првата македонска фудбалска лига, среќата сакаше силите да ги одмерат двата најголеми конкуренти за титулата во новата сезона.

Шкендија го пречека тимот на Вардар, а по само неколку секунди натпреварот беше прекинат поради домашните навивачи, кои најпрво на теренот исфрлија хартиени ленти, а веднаш потоа извадија и огромен транспарент.

На транспарентот Шкендија беше претставена како „Хулк“, кој лесно се справил со Дачија, Хелсинки и Тракаи, противниците кои „црвено-црните“ од Тетово ги елиминираа во квалифкациите за Лига Европа.

По три минутен прекин и чистење на теренот, натпреварот продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе K. M.
Load More In Мак фудбал

Проверете

Градското дерби за „црвено-црните“ , Барсегјан беше човекот на одлука

Денес на градскиот стадин „Филип Втори“ беше одиграно градското дерби помеѓу Вардар и Рабо…