Дома Фудбал Останато Трет пат ја скина Ахиловата тетива и трет пат тоа беше против Ривер!

Трет пат ја скина Ахиловата тетива и трет пат тоа беше против Ривер!

Фудбалерите на Ривер ја совладаа Бока во епскиот реванш од финалето во Копа Либертадорес на „Сантијаго Бернабеу“ со 3:1 после продолженија.

Еден од најискусните фудбалери од екипата на Бока, Фернандо Гаго е веројатно најголемиот „баксуз“ кога станува збор за натпреварите со лутиот ривал.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Поранешниот играч за врска на Реал поради повредите имаше послаба кариера отколку што можеше истата да биде доколку немаше толку проблеми.

Во последните три години Гаго секогаш доживуваше повреда на Ахиловата тетива и тие повреди секогаш се случуваа во натпреварите со Ривер.

gago

Левата нога е најголемиот проблем. Во вчерашниот натпревар во игра влезе во 89-тата минута, но веќе на крајот на провото продолжение мораше да го напушти теренот, погодувате – поради повреда.

Бидејќи тренерот на Бока немаше веќе измени, неговата екипа до крајот на теренот остана со деветмина (претходно во 108-та минута останаа без Бариос кој заработи втор жолт картон).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФФМ и Ла Лига со заедничка визија за развој на фудбалот во Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига најавија почеток на долгоро…