Дома Македонски спорт Мак фудбал Тренерот на Абердин: Миовски е најдобриот напаѓач кој сум го тренирал

Тренерот на Абердин: Миовски е најдобриот напаѓач кој сум го тренирал

Менаџерот на Абердин, легендарниот Нил Ворнок, е воодушевен од перформансите на македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонскиот напаѓач игра во неверојатна голгетерска форма, а Ворнок тврди дека тој е најдобриот напаѓач што го тренирал во долгата и богата кариера.

„Му кажав да даде два гола и да излезе на полувреме. Потоа му предложив ако сака и да остане до 60.минута за да комплетира хет-трик. Си намигнавме кога ги постигна погодоците и решивме дека е доволно за минутажата. Во кариерата имав многу проблеми со напаѓачите, а сега го добив најдобриот напаѓач кој сум го тренирал“, изјави Ворнок.

Миовски оваа сезона постигна 22 гола и забележа четири асистенции на 36 натпревари одиграни за Абердин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…