Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски го посочи престојниот меч против Украина како клучен во квалификациите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Не очекува многу важен натпревар, веројатно клучен за нас. Треба да се фокусираме на овој меч, да го анализираме противникот и да се обидеме да победиме. Овој дуел е навистина многу важен за нас и би бил пресреќен ако успееме да триумфираме“.
„На првиот натпревар со Украина мислам дека доминиравме до 60. минута. Знаеме дека имаме квалитет и можеме да играме со сите селекции. Мора да имаме позитивен менталитет, само така ќе можеме да се надеваме на успех. Играме на гостински терен, но и за Украина теренот е непознат“, изјави Трајковски.
Македонија мечот против Украина ќе го одигра во Прага.