Дома Фудбал Трансфер кој ги изненади сите: Ѕвездата на холандската репрезентација кариерата ја продолжува во Бразил

Трансфер кој ги изненади сите: Ѕвездата на холандската репрезентација кариерата ја продолжува во Бразил

Холандскиот напаѓач Мемфис Депај (30) потпиша двегодишен договор со Коринтијанс, соопшти бразилскиот клуб.

Депај го напушти Атлетико Мадрид во јули, а во клубот од Сао Паоло доаѓа како слободен играч.

Клубот не ги соопшти деталите од договорот, но бразилските медиуми пренесуваат дека договорот е вреден 12,5 милиони долари.

Депај ја започна својата кариера во ПСВ Ајндховен, а играше за Лион, Барселона и Манчестер Јунајтед.

Минатата сезона играше за Атлетико Мадрид, каде забележа 31 настап во сите натпреварувања и постигна девет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вила реди победи, Буендија жали: Еден гол не ми беше доволен!

Астон Вила го совлада Викинг со 3-1 за трета победа во Лигата на шампионите, а Емилијано Б…