Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: „Се крчка“ трансферот на Нејмар, Реал ги промени плановите

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: „Се крчка“ трансферот на Нејмар, Реал ги промени плановите

1

Нашата редакција навремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации се до затворањето на трансфер пазарот.

Дани Алвеш официјално потврди дека го напушта Пари Сент Жермен (ОВДЕ).

– Каталонските медиуми потврдија дека започнале преговорите помеѓу Барселона и ПСЖ за трансфер на Нејмар (ОВДЕ).

Костас Манолас е многу блиску до трансфер во Наполи, кој ќе ја активира откупната клаузула од 36 милиони евра. Дефанзивецот се очекува следните денови да пристигне на лекарски прегледи.

– Примарна цел на Милан е играчот за врска на Реал, Дани Себаљос. „Росонерите“ веќе имаат план како да го донесат младиот Шпанец.

– За Сами Кедира нема место во тимот на Маурицио Сари. Германецот спремен спогодбено да го раскине договорот со Јувентус и да се пресели во МЛС лигата.

Џанлуиџи Буфон би можел да се пресели на Островот. Второлигашот Лидс испрати официјална понуда за легендарниот голман (ОВДЕ).

– Милан испратил прва понуда до Арсенал за Лукас Тиреира. Позајмица со право на откуп од 38 милиони евра, се чека одговор од „топџиите“.

– Синот на легендарниот Шпанец Рејес кој неодамна почина во автомобилска несреќа, Хозе Антонио Рејес Лопез, од денес е член на Реал Мадрид. (ОВДЕ).

Нејмар испратил порака преку „WhatsApp“ на своите поранешни соиграчи од Барселона: „Не грижете се, доаѓам“. (ОВДЕ)

– Реал Мадрид се откажа од ангажманот на Кристиан Ериксен. Манчестер Јунајтед и Јувентус се борат за неговиот потпис (ОВДЕ).

– Се е спремно за трансферот на Хисај во Атлетико Мадрид. Наполи за слободата на албанскиот репрезентативец ќе добие 20 милиони евра.

– Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид се откажал од доведување на Пол Погба поради финансискиот фер-плеј.

– „Франс Фудбал“ тврди дека Атлетико Мадрид и Интер доставиле понуда од 90 милиони евра за ѕвездата на Лил, Николас Пепе.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Зидан конечно се огласи за статусот на Бејл во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше за статусот на Герет Бејл. Шпанските меди…