Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Милан купува голман и стопер, Јунајтед влегува во трка за Дембеле, Интер и Видал

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Милан купува голман и стопер, Јунајтед влегува во трка за Дембеле, Интер и Видал

Со Спортски и денес бидете во тек и следете се што се случува на трансфер пазарот.

Започнуваме со веста за македонскиот репрезентативец, Арјан Адеми. Динамо ја одбил понудата на Бетис! (тука)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Британски „Сан“ пренесува изненадувачка вест, наводно Н’Голо Канте побарал на крајот од сезоната да му биде дозволено да си замине. (тука)

Го најави ли Рио Фердинанд трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед?

Интересна вест од Франција поврзана за Килијан Мбапе. Имено, ПСЖ уште не го исплатил Килијан Мбапе на Монако. Французите пишуваат дека ПСЖ исплатил 145 милиони евра (90+55). Монако за Мбапе очекува уште 40 милиони евра, но според информациите тие ќе добие кога Мбапе ќе потпише нов договор илиќе направи трансфер во друг клуб.

Муса Дембеле констатно се поврзува со Челзи, сега на оваа тема се огласи Френк Лампард. (тука)

Валентино Лазаро не се снајде во Интер и сезонава само три пати беше стартер кај Антонио Конте, па би можел да си замине во текот на овој преоден рок. Интерес за него покажа Вердер.

Она што вчера се најави денес ќе биде официјализирано. Станислав Лоботка пристигна на лекарски прегледи во Неапол.

Шпанските медиуми, посебно оние со седиште во Мадрид на големо пишуваат дека Реал Мадрид испратил свој лекарски тим за Реинер да ги помине медицинските прегледи. Официјално играч на Реал Мадрид, Реинер ќе стане на 19. јануари, кога ќе наполни 18 години.

Асмир Беговиќ пред потпис со Милан! (тука)

Изгледа во Милано е работно денес. Дел од италијанските медиуми пренесуваат дека Симон Кјаер пристигнал во Мила на лекарски прегледи.

„Доаѓањето на Видал зависи од бројни фактори, но тој секако би бил важно засилување за нас. Знаеме дека ситуацијата со актуелниот тренер на Барселона е под знак прашалник и никој не може да предвиди што ќе се случи ако дојде до промена“, изјави генералниот директор на Интер, Бепе Марота за Видал.

Нова информација за Реинер. Реал со Бразилецот ќе потпише договор на шест ипол години прва дестинација за развој ќе му биде младинскиот тим на „кралевите“.

Француските медиуми пишуваат дека скаут на Манчестер Јунајтед ќе биде присутен во Бордо на гостувањето на Лион за да го следи Муса Дембеле.

Тотенхем на Бенфика и понудил да го позајми Жадсон Фернандеш на 18 месеци со право на откуп на неговиот договор.

Според информациите на дел од островските медиуми, Манчестер Јунајтед за Бруно Фернандеш понудил 60 милиони фунти

Oфицијално: Поранешниот фудбалер на Јувентус, Паоло Де Чеље потпиша договор со тимот од САД, Мајами Бич.

„Калчомеркато“ пренесува дека Јувентус и Рома некое време преговараат и главна тема се тројца играчи. Јувентус во своите редови сака да го доведе Николо Заниоло и Лоренцо Пелегрини, додека во спротивен правец се спремни да го испратат Федерико Бернардески. Јувентус покрај Бернардески би понудил и одредена сума.

Подолго време Јапонецот Казајоши Миура е најстариот професионален фудбалер во светот. Миура не се откажува и понатаму игра, па и покрај тоа што во февруари ќе го прослави 53. роденден тој потпиша едногодишен договор со Јокохама.

Oфицијално: Диего Деме е нов фудбалер на Наполи.

Италијанскиот новинар Фабрисио Романо тврди дека повеќе нема дилеми – Ешли Јанг постигнал договор со Интер. Јанг ќе се обврзе на верност до 2021 година, сега останува само да се договорат Интер и Јунајтед. Бидејќи Јанг инсистира и има само шест месеци до истекот на договорот тоа не би требало да биде проблем.

Интер испрати нова понуда за Артуро Видал: Позајмица за три милиони евра и откуп за 15. Претходно Интер нудеше 12 додека Барселона бараше вкупно 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…