Дома Фудбал Англија Традиција поврзана со првото коло вели – Ливерпул ја освојува Премиер лигата!

Традиција поврзана со првото коло вели – Ливерпул ја освојува Премиер лигата!

0

После објавениот распоред за Премиер лигата идната сезона педантните статистичиари веднаш започнаа да извлекуваат историски податоци кои можат да се употребат во нов контекс.

Со оглед на минатогодишната луда завршница посебно е интересен оној за Ливерпул.

„Црвените“ во 1-то коло од новата сезона на „Енфилд“ ќе играат против Норвич. Ливерпул во својата историја само еднаш ја отворил Премиер лигата против тој клуб на домашен терен. Тоа се случило во 1976 година. Тогаш Ливерпул победил со 1:0 и таа сезона станал шампион, а Манчестер Сити завршил како второпласиран.

После освоената титула во финалето против Тотенхем многу фудбалски експерти најавија дека тоа е почеток на успесите на Ливерпул и дека тимот на Клоп ќе освојува трофеи, оној кој најмногу се чека е премиерлигашкиот.

Во сезоната која неодамна заврши Сити помина прв низ целта за само еден бод повеќе. Овој податок од 1976 година сигурно дополнително ќе го зголеми оптимизмот кај навивачите на „црвените“.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уругвај – Еквадор: Суарез и дружината ја започнуваат борбата за престижниот трофеј

Во Минеирао доцна во ноќта помеѓу недела и понеделник играат Уругвај – Еквадор. Копа Амери…