Дома Македонски спорт Традицијата е на наша страна: Две победи и тоа без примен гол имаме со Исланд во Скопје 🎥

Традицијата е на наша страна: Две победи и тоа без примен гол имаме со Исланд во Скопје 🎥

Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва против Исланд дома игра за место во баражот каде што би се пласирале со било каква победа.

Исланд е последната пречка до баражот за СП. Македонија пред два месеци играше одличен натпревар во Рејкавиќ меѓутоа од 0:2 им дозволивме по наши грешки да се вратат до 2:2. За наша среќа и покрај тоа реми сега добивме прилика сами да се решаваме.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Низ историјата со Исланд сме одиграле пет натпревари и имаме позитивен ефект, две победи, два нерешенин атпревар и еден пораз гол разликата 6:4 во наша корист. Двете победи ги остваривме дома во Скопје и не примивме гол.

Првпат „рибарите“ ги победивме во 1997 година на 7. Јуни во квалификациите за СП. Тогаш славевме победа од 1:0, одлучувачки беше голот на Ѓорѓи Христов во второто полувреме.

И втората победа против Исланд е во квалификациски циклус за СП, во оној за Мундијалот во Јужна Африка 2010 година. На 10. Јни во 2009 година во Скопје славевме победа со головите на Ацо Стојков и Филип Ивановски во 85. минута.

Да се надеваме дека овој позитивен скор со Исланд на домашен терен ќе продолжи и денес во мечот од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …