Голема трагедија го погоди Бергамо и хитот на сезоната во Лигата на шампионите, Аталанта.
Аталанта пред прекинот на сезоната успеа да стигне до четвртфиналето во Лигата на пампионите, меѓутоа иако ова е најголемиот успех во историјата на Аталанта тој сега е ставен во втор план поради ситуацијата со коронавирусот. Бергамо е еден од најпогодените градови во Европа, а дури осум вработени во Аталанта починале како последица од Ковид – 19.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Страшните вести за загубата на осум вработени во клубот ги откри првиот човек на клубот Антонио Прекаси.
„Се соочуваме со страшна и невидена трагедија во која погодени се сите генерации. Вирусот удира и на младите. Се бориме со невидлив непријател, ова е како во светска војна. Во овие десет години постепено растевме и денес сме меѓу најдобрите осум во Европа, а се надевам дека успесите барем малку ќе ги расположат нашите луѓе“, изјави Прекаси.
Инаку, главната причина за ова што му се случува на Бергамо е осминафиналниот натпревар помеѓу Аталанта и Валенсија кој се играше во Милано. Тогаш 40.000 фанови на Аталанта од Бергамо се упатија во Милано каде што веќе беше појавен коронавирусот, овој натпревар беше оценет како биолошка бомба.
Во Италија од овој вирус веќе починаа над 10.000 лица.