Дома Останати Трагедија: Боксер почина по борба за 20 долари

Трагедија: Боксер почина по борба за 20 долари

Tрагична вест ни пристигнува од Бразил со смртта на 23-годишниот бразилски аматерски боксер, Жоао Виктор Пења.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пења почина како последица по ударите добиени во рингот. Докторите три дена се бореле за неговиот живот, но на крајот боксерот ја загубил битката. Несреќата се случила во градот Жижкока де Жерикоакоара. По само минута ипол од борбата Пења паднал на подот по силен удар во главата.

Веднаш изгубил свест и останал да лежи неподвижен, а изгледаше дека се ќе биде во ред затоа што по интервенцијата на докторите се освести.

Сепак, набрзо состојбата му се влошила и завршил во болница. Бразилската полиција отвори истрага по неговата смрт. Братот на Пења за медиумите откри дека победникот од таа борба требало да добие 20 евра, а поразениот си одел дома со 10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…