Дома Фудбал Трабзонспор објави видео и ги обвини фудбалерите на Фенербахче: Вие сте провокатори!

Трабзонспор објави видео и ги обвини фудбалерите на Фенербахче: Вие сте провокатори!

Во Турција се уште eдна од главните теми се сцените за време и по натпреварот помеѓу Трабзонспор и Фенербахче.

Трабзонспор објави видео со моментите со кои сака да покаже дека фудбалерите на Фенербахче предизвикале нереди на крајот од натпреварот.

Во целиот хаос најлошо помина хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ кој беше удрен од зад грб со предмет кој излетал од трибините, а потоа на патот до соблекувалната бил нападнат и од еден од многуте хулигани на теренот.

На теренот дојде до тепачка помеѓу навивачите и играчите на Фенербахче, а Трабзонспор сега се огласи со видео и порака во која ги обвинуваат фудбалерите на противничкиот тим.

„Мислевме дека сте фудбалери, а вие сте провокатори“, се наведува во видеото од изолираните ситуации со и по натпреварот.

Фенербахче најави дека на 2 април ќе одржи вонредна седница на клупското собрание на која ќе се разговара за понатамошните активности по настаните во Трабзон, а не е исклучено и повлекување на првиот тим од лигата (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крајова ја заврши работата во првото полувреме: Егнатија поразена со 2-0

Чикалдау и Банку ги постигнаа головите за ЦСУ Крајова, која по три натпревари во Конференц…