Дома Топ вести Тој е најголема летна желба на Мурињо, спремна понуда од 80 милиони

Тој е најголема летна желба на Мурињо, спремна понуда од 80 милиони

Англиските и италијанските медиуми пренесуваат дека најголемата трансфер желба на Жозе Мурињо следното лето ќе биде Сергеј Милинковиќ- Савиќ од Лацио.

Мајкл Карик ќе се пензионира, Фелаини заминува, а иднината на Погба и Ерера е несигурна, па Манчестер Јунајтед има потреба од барем еден квалитетен играч за врска.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милиниковиќ – Савиќ просто „експлодираше“ во последните две сезони и се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во Европа, па за него силен инетрес покажуваат неколку европски гиганти.

Англиските медиуми пренесуваат дека Мурињо спремил понуда од 80 милиони евра и сака што побрзо да го комплетира трансферот и да ја победи конкуренцијата.

Сепак, прашање е дали Лацио ќе се согласи да го пушти за оваа сума, бидејќи за Милинковиќ-Савиќ се силно заинтересирани уште Реал Мадрид и Јувентус.

„Специјалниот“ е спремен да направи се за да ја добие битката за потписот на Србинот, бидејќи смета дека би бил иделано засилување за неговиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …