Фудбалерите на Барселона се меѓу најплатените играчи во светот, но во каталоснкиот гигант настапува и еден фудбалер чии примања не се пропорционални со неговиот допринос на теренот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за одличниот француски дефанзивец, Самуел Умтити кој се промовираше во лидер на одбраната и еден од најдобрите дефанзивци во лигата.
Умтити пристигна во Барселона од Лион минатата година за 25 милиони евра, а неговата неделна плата е неколкукратно помала од платата на неговите колеги. Барселона на неговата сметка неделно префрла 75.000 фунти, а само за споредба Лео Меси неделно заработува 500.000 фунти.
Платата на Луис Суарез е околу 300.000 фунти неделно, додека Серхио Бускетс заработува 180.000 фунти секоја седмица. И останатите првотимци се многу подобро платени од Французинот, кој доколку продолжи со добрите партии, наскоро сигурно ќе добие нов договор.