Дома Фудбал Италија Тоти за една од најголемите судиски кражби: Судијата не ограби, полудев

Тоти за една од најголемите судиски кражби: Судијата не ограби, полудев

Eдна од најголемите судиски кражби се случи во осминафиналето на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година. Судиите тогаш помогнаа на домаќинот Кореа да ја исфрли Италија, а подоцна да стигне и до полуфиналето.

Пензионираниот Франческо Тоти не крие дека за него тоа е еден од најтешките моменти во кариерата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Над мене имаше чист пенал бидејќи постоеше конткат. Погреши, а јас ја слушнав свирката и помислив – тоа е тоа. Ќе шутирам пенал и ќе ја одведам Италија во четвртфиналето. Место тоа, Бајрон Морено не покажа на белата точка, туку дојде до мене и ми покажа прво жолт, а потоа и црвен картон“.

„За прв пат си помислив дека нема смисла да се бориме…Дојдов во соблекувалната, ја скршив вратата и после 15 минути ги слушнав трибините како слават.

Италија, сепак четири години стана светски шампион.

„Тогаш си ветив себе си дека ќе играм уште едно Светско првенство. Но, толку многу промашувавме, дозволивме судијата да ни го украде натпреварот му овозможивме да им помогне на Корејците“, изјави Тоти.

Да потсетиме, судијата Бајрон Морено прво им поклони пенал на домаќините, а потоа им дозвложуваше и груби стартови, а во продолжението му покажа на Тоти втор жолт картон поради наводното симулирање. Истиот судија подоцна поради местење натпревар во Еквадор беше исфрлен од фудбалот, а во 2011 година полицијата го фати со шест килограми хероин, па беше осуден на две ипол години затворска казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…