Дома Фудбал Англија Тотенхем го казни Орие: Фризурата ќе го чини цело богатство

Тотенхем го казни Орие: Фризурата ќе го чини цело богатство

Дефанзивецот на Тотенхем, Серж Орие по трет пат ги наруши мерките за самоизолација и го налути клубот, кој денес му изрече жестока казна.

На својот профил на Инстаграм Орие објави фотографија од фризерски салон со која се издаде дека ги нарушил правилата за изолација. Фризерските салони немаат право да работат на Островот до 4-ти јули.

За проблемот да е поголем, ова се случува во време кога се прават првите тестови за коронавирус и фудбалерите се враќаат на тренинг под строги услови и протоколи.

Од таборот на Тотенхем одлучија да го казнат Орие, откако по трет пат ги наруши правилата, па неговата фризура ќе го чини 140.000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За Тотенхем 350 милиони евра не беа доволни: Пристигнува и тандемот „отпишани“ на Челси!

Тотенхем ова лето веќе инвестираше над 350.000.000 евра за засилувања, но клубот од северн…