Дома Фудбал Тотенхем без две големи ѕвезди против Ливерпул

Тотенхем без две големи ѕвезди против Ливерпул

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино откри дека нема да може да смета на две големи ѕвезди за престојното дерби со Ливерпул.

Тотенхем го пречекува лидерот на табелата во сабота на „Вембли“, но нема да може да смета на капитенот Уго Лорис како и на англискиот репезентативец Деле Али.

Французинот треба да помине детални прегледи за да се види колку е серозна неговата повреда на бутниоѕ мускул, а Деле Али се повреди со репрезентацијата и најверојатно ќе го пропушти и дуелот со Интер во ЛШ.

„Деле Али немаше среќа, се повреди по 20 минути од дуелот со Шпанија. Нема да игра со Ливерпул, најверојатно и со Интер, но повредата не е премногу сериозна“.

„Што се однесува до Лорис, тој ќе мора да оди на нови прегледи, но се надеваме дека наскоро пак ќе застане на нашиот гол“, изјави Покетино.

Аргентинскиот тренер додаде дека Лорис сигурно ќе остане капитен на тимот и покрај скандалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…