Дома Македонски спорт Мак ракомет Томовски: Публиката беше нашиот ветер во грб!

Томовски: Публиката беше нашиот ветер во грб!

Вардар вчера на домашен терен одигра фантастичен натпревар и го победи Мешков Брест со 35:27 во второто коло од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На прес-конференцијата после натпреварот присуствуваше голманот Мартин Томовски кој беше одличен и ги сподели своите импресии.

„Одлично го отворивме натпреварот, создадовме разлика која потоа ја контролиравме. Имавме и падови, имаме нова екипа која треба да станува се подобра и подобра. Благодарност и до публиката за поддршката, тие беа нашиот ветер во грб во оваа победа“, изјави Томовски.

После две кола во Лигата на шампионите Вардар има една победа и едно реми.

Фото: РК Вардар1961 / Денис Дуковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…