Дома Фудбал Останато Толку беше: Платини пуштен од притвор, се огласи и пред медиумите!

Толку беше: Платини пуштен од притвор, се огласи и пред медиумите!

Мишел Платини беше уапсен вчера утрото поради поврзаност со истрагата за доделување на домаќинството за Светското првенство.

Поранешниот претседател на УЕФА е пуштен изминатата ноќ нешто после полноќ, пишува „Франс Фудбал“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот француски фудбалер беше уапсен и испрашуван поради обвиненија дека бил корумпиран кога се домаќинството за Мундијалот во 2022 година му беше доделен на Катар.

Медиумите стигнаа и до кратка изјава на Платини и ако судиме според истата се е експресно завшрено.

„Сега се е зад мене“, кратко изјави Платини при излегувањето од притвор.

Кога вчера пристигна на испрашувањето соопштено му беше дека некое време ќе се биде во притвор. На крајот во притвор беше задржан од утрото па се до некаде после полноќ.

„Л’Екип“ наведува дека ова не е прв пат Платини да биде испрашуван поради обвинеија за корупција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Карагер „удри“ по ѕвездата на Ливерпул: Треба да биде продаден, тој не е играч за ова ниво!

Фудбалерите на Евертон остварија голема победа во 29. коло од англиската Премиер лига, тие…