Дома Македонски спорт Мак баскет Тодоров: Естонија во втора четвртина играше како да е дома, Кулумае имаше натпревар кој нема да му се повтори!

Тодоров: Естонија во втора четвртина играше како да е дома, Кулумае имаше натпревар кој нема да му се повтори!

После денешниот пораз од Естонија на прес-конференцијата за Македонија селекторот Александар Тодоров истакна надеж дека работите можат да се подобрат.

Тодоров како клучен фактор ја истакна втората четвртина во која Естонците доминираа.

„Сега може да се тешиме дека одигравме добро второ полувреме, но кошарка се игра во две полувремиња. Во таа втора четвртина не можевме да направиме апсолутно ништо, тие целосно доминираа. Во првото полувреме изгледаше како тие да се домаќини, а ние гости. Кога после толку години дојде толку публика, не смеевме да дозволиме тие така да одиграат“.

Селекторот потсети и дека во епското четвртфинале во Литванија имавме ист однос на шутеви за два и три поени.

„Сепак, изгубивме девет разлика, не гледам зошто таму да не победиме со десет разлика. И во четвртфиналето во Литванија имавме ист однос на шут за два и три поени, едноставно тој е нашиот стил на игра“.

Клучен играч на Естонија во овој натпревар беше Куламае кој уфрли 31 поен.

„Куламае во овој натпревар погоди нереални шутеви, јас ви кажувам дека никогаш во кариера нема да одигра ваков натпревар и да постигне 31 поен“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Барди ни кажа како е во Валенсија, Трајковски за Мајорка: На фудбал никој не мисли, прво да останеме здрави и живи!!

По разговорот со Енис Барди кој се наоѓа во Валенсија, нашата редакција денес го контактир…