Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе тргне во решавачката битка за пласман на Европското Првенство со истата група на играчи кои стигнаа до првата победа во овој квалификациски циклус.
Селекторот Александар Тодоров одлучи дека тимот кој победува не треба да се менува, па денеска, во 15.часот во Арената „Молот“ во Перм, ќе истрчаат истите 12. кошаркари кои вчера ја совладаа Италија (87:78).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Може да не радува тоа што Ненад Димитријевиќ е во составот иако вчера се најавуваше дека можеби нема да може да помогне поради повреда.
Дамјан Робев, Лука Савичевиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.