Дома Фудбал Тијаго Силва во солзи се збогуваше од Челзи 🎥

Тијаго Силва во солзи се збогуваше од Челзи 🎥

По четири години во дресот на Челзи, Тијаго Силва заминува од лондонскиот клуб, а сега со емотивна порака се збогуваше од навивачите.

Силва со Челзи успеа да ја освои Лигата на шампионите во неговата прва сезона, а набрзо се промовираше како лидер на тимот. Преку социјалните мрежи се збогуваше со фановите истакнувајќи дека клубот многу му значи и најави враќање во иднина во друга улога.

Синовите на Силва тренираат со Челзи, па и понатаму ќе остане поврзан. Во пораката која ја испрати откри дека кога пристигнал очкувал да остане една сезона, меѓутоа сега заминува по четири години. Посебна благодарност истакна до Френк Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јалкује го реши Хетафе, Брајтон скокна на петтото место во Конференциската лига

Голот на Малик Јалкује во 64. минута му донесе на Брајтон победа од 1-0 на гостувањето кај…