Дома Фудбал Италија Тијаго Мота нов тренер на Специја

Тијаго Мота нов тренер на Специја

Поранешниот репрезентативец на Италија, Тијаго Мота е нов тренер на италијанска Специја.

Мота на клупата на Специја седнува после краткото искуство во Џенова во 2019 година. Во Џенова Мота не се прослави и за краток период доби отказ.

„Среќен сум што сум тука и горд на дадената доверба. Ќе се обидам да ги оправдам очекувањата на клубот“, изјави Мота.

Во Специја Мота доаѓа на местото на Винчецо Италијана кој се пресели во Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арена Спорт лансира нов канал: Спорт за деца и млади

Арена Спорт најави нов канал посветен на спорт за деца и млади, прв од ваков вид во регион…