Дома Фудбал Тите го потврди составот за Белгија: Мислењето на навивачите поделенo поради два играчи

Тите го потврди составот за Белгија: Мислењето на навивачите поделенo поради два играчи

Селекторот на Бразил, Тите го потврди составот за утрешниот натпревар против Белгија на Мундијалот во Русија.

Бразилците и Белгијците во вечерашните часови ќе одиграат „финале пред финалето“, барем така многумина го нарекуваат овој натпревар, а селекторот Тите нема намера ништо да промени, освен што во тимот се враќа Марсело.

Потсетуваме, ѕвездата на Реал Марид се повреди против Србија во натпреварот од групната фаза, по што го пропушти натпреварот од осмина финалето против Мексико. Сепак, селекторот Тите потврди дека со него е се во ред и дека тој ќе се врати на теренот.

Некои навивачи на Бразил се разочарани што во тимот повторно нема да биде Фирмино, туку во нападот повторно ќе биде Хесус и поради тоа денеска се води дебата. Треба да се додаде дека во тимот нема да биде Касемиро кој заработи втор жолт картон против Мексико.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…