Дома Фудбал Англија Типично за Челзи, Џексон потпиша до 2033 година

Типично за Челзи, Џексон потпиша до 2033 година

Николас Џексон го продолжи договорот со Челзи за две дополнителни години и се обврза на верност со „сините“ за девет сезони – до летото 2033 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


 23-годишниот напаѓач пристигна минатото лето од Виљареал за 32 милиони фунти. Тој во претходната сезона во Премиер лигата постигна 14 гола, од кои осум на последните осум натпревари.

Челзи почна да го практикува овој модел со долги договори со цел да избегне прекршување на правилата на финансискиот фер-плеј и така да не добие казна.

„Се чувствувам одлично што клубот има доверба во мене. Работам многу напорно. Многу сум среќен што ќе го продолжам договорот и ќе останам тука уште многу години“, изјави Џексон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Можно ли е? Отказот на Слот може да значи голем пресврт во Ливерпул!

Денеска неочекувано пристигна веста дека Арне Слот ја заврши својата кариера како тренер в…