Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој во четвртфиналниот меч по пресврт го совлада Чехот Јакуб Меншик со 2:1, во сетови (4) 6:7, 6:1, 6:4 за еден час и 20 минути игра.
19-годишниот Меншик покажа дека е иднината на светскиот тенис, но сегашноста сепак му припаѓа на Ѓоковиќ, кој го продолжува патот кон 100-та титула во професионалната кариера.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со Тејлор Фирц, додека во втората полуфинална двојка силите ќе ги одмерат Томаш Махач и Јаник Синер.