Дома Фудбал Италија Тимот со едни од најубавите дресови во Италија е на чекор од Серија А

Тимот со едни од најубавите дресови во Италија е на чекор од Серија А

Фудбалерите на Венеција се пласираа во финалето од баражот за пласман во италијанската Серија А.

Вo вчерашниот натпревар Венеција го победи против Палермо со 2:1 во реваншот од полуфиналето и по победата од 1:0 на гостински терен сосема заслужено дојде на чекор од Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Домаќинот поведе по само четири минути со феноменалниот гол на Танер Тесман.

Предноста на домашните ја удвои дефанзивецот Антонио Кандела по перфектен контранапад.

Единствениот „почесен“ гол на Палермо во 86. минута беше дело на уште еден играч на Венеција, Михаел Свобода, на четири минути пред крајот, кога ја испрати топката во сопствената мрежа.

Венеција во финалето на плеј-офот ќе игра со подобриот од двата меча меѓу Атанзаро и Кремонезе. Првиот натпревар во Кремона заврши нерешено 2:2, а вториот ќе се игра денес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алфонсо Дејвис е се поблиску до преселба во Реал Мадрид

Како примерот со Килијан Мбапе, има уште едно засилување кое следното лето треба да присти…