Дома Фудбал Тимот победи 27:0, па тренерот доби отказ!

Тимот победи 27:0, па тренерот доби отказ!

Тренер доби отказ, бидејќи неговите фудбалери триумфирале на натпреварот со 27:0.

Екипата на Инвиктазуро го совлада составот на Марина Калчо со еден неверојатен резултат, а тоа не им се допаднало на луѓето од раководството на клубот.

„Бевме изненадени и тажни кога слушнавме дека нашиот јуниорски тим ја победил Марина калчо со 27-0. Вредностите на младинскиот фудбал се во спротивност со тоа. Противникот мора да го почитувате, а тоа не се случи овој пат“, порачаа од клубот.

На крајот се извинија од победничкиот клуб за високиот пораз, а тренерот доби отказ затоа што е срамно да се понижи противник на ваков начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем повторно го мерка Гуири, но прво мора да ослободи место во нападот

Амин Гуири останува опција за Тотенхем во јануари, но евентуалното заминување на Ришарлисо…